Рама останува на искажаните критики кон ЕУ за анти-ковид вакцините: Ништо не порекнувам

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA EPA-EFE/MALTON DIBRA

Албанскиот премиер Еди Рама денеска одговори на вчерашната реакција на Амбасадата на Франција во Тирана по неговите последователни критики кон Европската Унија (ЕУ), односно за нејзината политика со вакцините против ковид-19 кон земјите од Западен Балкан.

Амбасадата на Франција во Тирана, меѓу другото, наведе дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен антиЕУ курс.

– Зборував за конкретно прашање во конкретна ситуација, поврзана со вакцината и не отстранувам ниту запирка од она што ги кажав. Оставајќи ги настрана земјите од нашиот регион во дистрибуцијата на вакцината против ковид, нема изговор во кој било план и ова го разбира секој што се прави дека не разбира. Но, немам ништо со Франција. Не нападнав ниту еден пријател, уште помалку Франција, истакна Рама.

Француската амбасада направи грешка, вадејќи од контекст она што го кажав. Тоа нема никаква врска со Франција и како неа можев да земам друга земја за пример, истакна Рама.

Инаку, во реакцијата на Амбасадата на Франција се оценува дека „не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција”.

– Еди Рама тргна на опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ кон Турција. Во меѓувреме, ЕУ, покрај стотиците милиони евра што и ги даде на Албанија, побара од официјална Тирана да ги исполни условите потребни за првата конференција ЕУ-Албанија. Сменетиот курс на Еди Рама, антиЕУ, станува опасен курс за европската иднина на земјата и за демократијата во Албанија, се наведува во реакцијата на Амбасадата на Франција во Тирана.

На изјавите на Рама за „незаинтересираноста на ЕУ” да додели вакцини на земјите од Западен Балкан реагираше и евроамбасадорот Луиџи Сореца, нагласувајќи дека ЕУ и дала голема помош на Албанија за време на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот