Рама: Опозицијата во Македонија не оди по канцелариите низ Европа за да прави погрешна работа за својата земја

Во врска со барањето на Холандија, Албанија да се оценува одделно од Македонија, кога станува збор за отворањето преговори со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама, рече дека „процесот на интеграција на Албанија и Македонија се третира како прашање на домашната политика на Холандија”.

Според него, оној што треба да разбере, разбрал, дека сите говори вчера во Холандскиот парламент „биле упатени до електоратот во оваа земја, а не до Албанија”.

Во обраќањето на пленарната седница на Парламентот во Тирана, тој ја обвини албанската опозиција дека со своето однесување, откажувањето од пратеничките мандати, бојкотот на локалните избори и искажанте ставови низ западните канцелари ги дефинирала разликите што постојат денес во земјите на Европската унија, во однос на нивниот пристап кон преговорите со Албанија и Македонија.

Прочитајте и...  Николовски за денешната конститутивна седница: Бевме горди парламентарци и сведочевме на вистински професионализам!

– Постои голема разлика меѓу опозицијата во нашата соседна земја и опозицискиот пристап овде, чие однесување во добар дел ја определи и разликата во ставовите на земјите членки на ЕУ. Зборувам за опозицијата, која не е во Собранието и која го напушти, се откажа од пратеничките мандати, ги бојкотираше изборите со цел да го поткопа отворањето на преговорите. Северна Македонија не е без конфликти, но тие се целосно поразлични од оние во Албанија. Опозицијата во Северна Македонија, ниту вчера а ниту денес, не оди по канцелариите низ Европа да прави погрешна работа за својата земја – рече меѓу другото Рама.

Во неговиот говор пред да отпатува за Нови Сад каде ќе се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, посочил дека „ги обезбедил потписите на Заев и Вучиќ за формирање балкански Шенген”.

Прочитајте и...  Спикер денеска нема да се избира

Прочитај повеќе

Над 700.000 мртви од Ковид-19 ширум светот, најмногу во Бразил, САД и Индија

Слободен печат

Во косовското собрание ќе се разгледува нацрт закон за заштита на вредностите на ОВК: Што подразбираат тие?

Слободен печат

Незамислив ужас: 75 години од нападите со атомски бомби врз јапонските градови (ВИДЕО)

Слободен печат

За 24 часа регистрирани се 340 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Трамп: Коронавирусот е под контрола колку што може да се контролира

Слободен печат

Во Книн почна одбележувањето на 25 години од операцијата „Бура“ – Пленковиќ: Овој ден е круната на нашата историја

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најнов извештај од мониторингот на јавните набавки: Најниската цена и натаму проблем број 1 за фирмите, 48 % сметаат дека има корупција во набавките

Слободен печат

Избрани 40-те компании кои ќе добијат поддршка за отворање на нова е-продавница

Слободен печат

Граѓаните месецов ќе добијат 5.4 милиони евра поврат на ДДВ за второто тримесечје

Слободен печат

Експерименталната вакцина против Ковид-19 на „Новавакс“ успешно произвела антитела

Слободен печат

Интерпол: Интернет-криминалците ја користат пандемијата за да напаѓаат поголеми цели

Слободен печат

Вељаноски: Некого за иста ваква ситуација го судат и прогласуваат за терориста!

Слободен печат