Рама одржа телефонски разговор со Зеленски за кризата во Украина

Фото: Топ Чанел

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ, остварил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во напорите да се најде решение за кризата во оваа земја.

Зеленески му се заблагодарил на Рама што за време на претседевањето со ОБСЕ приоритет му е прашањето за враќање на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет во рамки на работата на Организацијата.

Тој посебно ги нагласил прекршувањата на договорите од страна на илегални вооружени групи, вклучително и бомбардирањето на украинските позиции на 6 и 10 септември.

Го информирал Рама дека за време на телефонскиот разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел милитантите отвориле оган врз украинските позиции во близина на селото Шумј.

-Не сакаме нова ескалација. На 6 септември, како резултат на провокација од нелегални вооружени групи, изгубивме припадник на вооружените сили кој беше убиен и еден ранет, додал Зеленски.

Од своја страна, Рама ги поддржал напорите на украинската партија за постигнување мир во регионот и ја изнесол подготвеноста на Албанија,како претседавач на ОБСЕ, да придонесе за воспоставување на мирот.

-Чекорите што ги презедовте вие како претседател и украинскиот народ кон мирот се многу храбри. Жалам за недостатокот на меѓусебно движење на спротивната страна во врска со ова. ОБСЕ е непристрасна, но не и индиферентна организација,посочил Рама.

Во овој контекст, соговорниците ја истакнале важноста од обезбедување на целосен и непречен влез на Специјалната набудувачка мисија на ОБСЕ на целата неконтролирана територија.

На крајот од разговорот Рама го поканил претседателот на Украина да ја посети Албанија.

Во својство на претседавач со ОБСЕ на 20 јануари годинава Рама престојуваше во прва посета на Украина, каде имаше средби со украинскиот државен врв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот