Рама одговори на ЕУ: Не сме ние проблем, погледнете ја Хрватска

Фото: МИА

Бројот на Албанци кои побарале азил во другите земји опаднал, според премиерот на Албанија Еди Рама.

– Прашањето за побарувачката на азил, не е проблем за Холандија – изјавил Рама во четвртокот, одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој како пример ја спомена Хрватска, која е членка на Европската Унија и од каде дури 100 илјади граѓани побарале работа во Германија.

– Невозможно е еден замав на волшебно стапче и да ги запреш луѓето во остварување на нивните соништа – изјави Рама.

Претходно, Холандија ја разгледуваше можноста за повторно воведување на визен режим за Албанија поради големиот број на албански граѓани кои бараат азил во државите од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот