Рама: Нема да застанеме сѐ до исполнувањето на сите задачи на ЕУ

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Премиерот на Албанија Еди Рама ја коментираше одлуката на Европската Унија за отворање на преговорите со Албанија. Тој рече дека вратата на ЕУ се отвори во момент кога вратите на Албанија се затворени.

– Албанија нема да загуби ниту една битка и ниту една војна. Вратата на ЕУ се отвори во време кога нашите врати се затворени. Денешната вест е убава иако е задоцнета, и не поради наша вина. Како и да е, не сме задоцниле ниту еден ден во исполнување на нашите задачи, исто ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите домашни задачи. Конечно нашите деца ќе играат на истото игралиште како и европските деца. Немаше да се радуваме и доколку ова се случеше во време на мир – изјави Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот