Рама: Не загубивме многу со тоа што ги прекинавме односите со Иран

Рама и Бајден на самитот на НАТО во Мадрид / Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Вашингтон пост” оцени дека прекинот на дипломатските односи со Иран, поради кибер-напади, „не е голема загуба” за неговата земја.

Тој вели дека „абанската Влада ќе размисли за обновување на односите со Иран само кога Иран ќе биде слободен”, бидејќи, како што рече, „Иран повторно ќе ја нападне Албанија”.

Според Рама, иранските хакери планирале да уништат 95 отсто од онлајн владините услуги, но не успеале.

„Нашите согледувања сега се дека не успеаја да ја уништат инфраструктурата. Услугите се вратија. Тие добија некои услуги, но практично не беа од некоја посебна важност. Албанија немаше значајни односи со Иран, па затоа прекинот на дипломатските односи не беше голема загуба“, рече Рама.

Тој додаде дека другите земји „можеби ќе можат да го прифатат пристапот што го направи Албанија”.

„Тоа зависи, прво, од темелноста на секоја истрага, за да се чувствуваат сигурни во протерувањето дипломати и второ од степенот на штетата предизвикана од нападите“, изјави Рама.

Шефот на албанската влада и во обраќањето пред Генералното собрание на ОН ја повика светската организација да го сврти погледот кон кибер- безбедноста.

„Ги повикувам ОН, вклучително и Советот за безбедност, да се фокусираат посериозно и поконкретно кон сајбербезбедноста преку инвестирање во превенција и помагање за сите земји-членки да изградат отпорност“, вели Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот