Рама не ја прославил победата на Швајцарија: Играчите се Швајцарци, не ги користете за политички цели!

Фото Колаж на СП/ ЕПА

Настапите на швајцарските фудбалери Гранит Џака и Џердан Шаќири продолжуваат да се зборуваат и коментираат насекаде низ балканските земји и пошироко по победата на Швајцарија над Србија во петокот, која ја чинеше елиминација од Мундијалот.

За овие многубројни извештаи и големата поддршка што ја доби дуото фудбалери со потекло од Косово зборуваше и премиерот на Република Албанија, Еди Рама.

Тој рече дека се работи за двајца албански фудбалери, кои ги следи со големи симпатии, но дека, според него, нивните имиња се користат „за некакви политички балкански игри“, пишува „Косово пост“.

„Јас не сум премиер на Швајцарија, јас сум премиер на Албанија и нема причина зашто да ги издвојам од целата швајцарската репрезентација токму двајца швајцарски државјани кои имаат албанска националност, кои се Албанци, кои иако ги гледаме со љубов и без сомнение со големи симпатии, сите треба да се пофалат за тој натпревар. Тие две фигури се искористуваат за политика и на начин недостоинствен за волја на вистината. Тоа е репрезентација на друга држава, а јас со таков потег би го разгорел пламенот на национализам, извинете за изразот, но тоа е смешно, а национализмот е секогаш смешен колку што е и опасен. Не е потребно, воопшто не гледам потреба за тоа и ми се чини дека кој и да го направил ова, не постапил како што треба. Навистина жално ми беше што двајца играчи кои се пристојни граѓани, мора да бидат разделени од нивниот тим, бидејќи тие и затоа играат за тој тим, за успехот на таа земја, а не за нивната националност да се користи како за игра на балкански војни“, нагласи Рама во разговорот со новинарите .

Инаку, во победата на Швајцарија со резултат 3-2 придонесе Џердан Шаќири со постигнат гол, додека Гранит Џака беше најдобар играч на теренот.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи на својот Твитер профил по натпреварот објави слика од двајцата играчи на Швајцарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот