Рама не го премисли ни Вархеји, „спорниот” изборен законик ќе се прегласува в четврток

epa08726892 Prime Minister of Albania Edi Rama (back) looks on as European Commissioner for Neighbourhood and Enlargement Oliver Varhelyi speaks in the Albanian Parliament in Tirana, Albania, 07 October 2020. European Commissioner Oliver Varhelyi visits Albania to discuss reforms due to the aspiration of Albania's European integration. EPA-EFE/MALTON DIBRA EPA-EFE/MALTON DIBRA

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево јасно кажа дека не го менува ставот во врска со Изборниот законик, што на повторно разгледување во Парламентот го врати претседателот Илир Мета.

По апелот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји да се почека мислењето на Венецијанската комисија, што го побара Мета, Рама рече дека му разјаснил на комесарот дека „парламентот нема да чека ни секунда и дека нема потреба да се влегува во спиралата на авантурата каде што повикува Илир Мета”.

-Му разјаснив на еврокомесарот во разговорот што го имавме, без ракавици, дека парламентот нема да чека ни секунда затоа што имаме избори на 25 април и не мора да влегуваме во спиралата на авантурата каде што нè повикува Илир Мета чија цел е саботажа на овој процес. Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. За тоа мислење ќе се дискутира со сите политички сили и ќе остане да ги разгледуваме сите прашања што можат да се појават по 25 април (денот на парламентарните избори), -рече Рама.

Посочи дека земјата нема време за губење и за впуштиме во авантура.

-Немаме време за губење и впуштање во авантури. Спроведувањето на изборниот закон бара време, преземена е обврска за биометриска идентификација, времето е кратко, изјави Рама.

Денеска законодавно-правната комисија ја отфрли уредбата со која Мета го врати законот и тој в четврток ќе се најде на пленарна седница на парламентот.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји побара од албанскиот Парламент да го почека мислењето на Венецијанската комисија околу изменетиот изборен законик без постигнат консензус.

Мислење околу ова прашање од комисијата побара претседателот Илир Мета, откако во петокот потпиша уредба со која законот, кој со одредени измени и дополнувања без согласност на вонпарламентарната комисија, го врати на повторно разгледување.

Опозицијата обвини, а што е став и на Мета, со ова Рама ја доведува во прашање европската иднина на земјата. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот