Рама: Не е моја работа да го убедувам Косово да биде дел од „Отворен Балкан“

Еди Рама „Отворен Балкан “
Еди Рама / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Албанскиот премиер Еди Рама запрашан од албанските новинари кои присуствуваа на самитот во Белград дали ќе се обиде да го убеди Косово да стане дел од „Отворен Балкан” одговори дека тоа не е негово право и одговорност и оти несогласувањето за оваа инцијатива не влијае на посебниот однос што Албанија го има со Косово, пренесува Ора њуз.

„Јас не се обидувам да се наметнам. Тоа е суверена одлука на оние кои го добија гласот и имаат мандат да одлучуваат во Косово. Не е ниту моја одговорност ниту мое право да интервенирам. Посебно што, вие знаете, дека немам огранок на Социјалистичката партија во Косово. Јас не сум изборен субјект во Косово, за разлика од движењето „Самоопределување” на Курти во Албанија“ рече Рама.

Според албанскиот премиер, тие со Косово имаат специјални односи кои не зависат ниту од „отворениот” ниту од „затворениот” Балкан.

„Ќе се потрудиме овие односи да бидат што поквалитетни, но друго се билатералните односи меѓу двете мали економии, а друго е мултилатералната соработка на многу поголем простор. Тоа е сосема друга работа“, додаде тој.

Косово ја доби војната, но го губи мирот

Како што пренесуваат албанските медиуми, Рама посочил дека Косово ја добило војната, но сега го губи мирот и дека доколку со тоа што некои го нарекуваат предавник, ја олеснува економијата и го решава косовското прашање, тогаш тој е подготвен да ја прифати таа етикета.

„Ако навистина сакаме да ја натераме Србија да се извини, мора да имаме стратегија и да разбереме како да дојдеме до признавање, а потоа до прошка. Не треба да удираме со нога или вака или нема, зашто, како што велам јас, остануваш сам на овој свет. Во мир не функцинира или вака или нема, а во војна да. Косово ја доби, а Србија ја загуби војната. Сега Косово го губи мирот, ова е болен, но вистинит факт. Тогаш кое е решението? Еди Рама е предавник! Ок! Ако ова ја олеснува економијата и го решава косовското прашање, јас сум подготвен да го прифатам и да го носам овој белег со голема чест доколку прашањето се реши велејќи дека Еди Рама е предавник, посочи Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот