Рама најави 90.800 нови вакцини од „Астра-Зенека“ за претстојниот викенд

epa09044909 Albania Prime Minister Edi Rama during a joint press conference after an EU - Albania Association Council meeting in Brussels, Belgium, 01 March 2021. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Албанскиот премиер, Еди Рама, најави дека претстојниов викенд во земјата ќе пристигнат 90.800 вакцини „Астра-Зенека”, преку Ковакс системот.

Преку објава на Фејсбук Рама нагласи дека „Албанија ќе продолжи да останува на првите места од европската класификација за брзината на вакцинирање и ќе ја надминеме целта од 500 илјади вакцинирани до мај”.

„Кога ќе се справиме со последиците од земјотресот и од пандемијата, како не би можеле да обезбедиме силен економски раст во сончевите години пред нас! Нашиот карактер беше тестиран во две големи трагедии и нашата заедничка сила ќе продолжи да ги прави можни дури и најтешките достигнувања. Верба, трпеливост, единство и деноноќна работа”, напиша Рама.

Според министерката за здравство Огерта Манаситрлиу од најавените 90.800 в сабота ќе пристигне пратка со 40.000 вакцини.

-Продолжуваме со масовната вакцинација на населението на возраст над 60 години кои се хронично болни, а од вчера почна и при крај е вакцинацијата на лицата на дијализа или оние кои имале оперативен зафат за трансплантација, рече Манастирлиу.

Досега во Албанија пристигнати се 396.560 дози вакцини, а владата има договор за набавка на повеќе од 2,1 милион дози, половина од нив од кинеско производство.

Имунизацијата почна на 11 јануари и до денеска се опфатени околу 305 илјади лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот