Рама му одговори на бугарското МНР: Тргнете го ветото или издржете со мене

Еди Рама/ Фото - Абцњус

Премиерот на Албанија Еди Рама одговори на реакциите на бугарското МНР, во кое се бараше да го преиспита своето однесување односно комуникација и јавен настап. Рама во својата реакција вели дека како што Бугарија има проблеми со неговиот начин на изразување, и тој има проблем со начинот на кој Бугарија ги третира билатералните прашања.

– Ох! Министерството за надворешни работи има еден проблем со начинот на моето изразување! Много е оправдано. И јас имам еден проблем со начинот како Бугарија сака да ги реши билатералните прашања употребувајќи го процесот на проширување на ЕУ како алатка за киднапирање на две земји членки на НАТО. Сфатете мирно пријатели: Тргнете го ветото или издржете со мене, напиша Рама во Твитер.

Министерството за надворешни работи на Бугарија во својата реакција меѓу другото пишува дека очекува од Рама да го преиспита својот начин на изразување и да збори со јазик содветен на еден политичар.

Бериша ѝ се извини на Бугарија: Рама е авантурист, не ја претставува албанската мисла

 

Видео на денот