Рама: Мини-Шенгенот е од стратешки интерес за сите Албанци

Според албанскиот премиер, обвинението од Обвинителството во Хаг е „длабоко неправедно” и „наликува на обвиненијата од ѕидните весници за време на кинеската револуција”.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска, на крајот од неговата дводневна посета на Косово, дека таканаречениот балкански мини-Шенген е во интерес и на Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција на приштинскиот аеродром пред заминувањето за Тирана, Рама рече дека таквата регионална спогодба, за која се заложија тој, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, е од стратешки интерес за Албанците од целиот регион.

– Што се однесува до мене, балканскиот мини-Шенген е во интерес и на Албанија и на Косово. Доколку не изгубевме време со разно-разни непотребни препукувања, границите таму ќе беа како кога доаѓаш од Приштина тука на аеродромов, изјави Рама.

Тој рече дека оваа негова посета беше со цел им даде поддршка на Косово и на политичките претставници во соочувањето со ситуацијата настаната по поднесувањето обвиннение пред Меѓународниот суд за Косово против основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), претседателот на државата Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

Прочитајте и...  Дискотеките и баровите во Бугарија ќе работат само на отворено, забранети свадби и крштевки

Според албанскиот премиер, обвинението од Обвинителството во Хаг е „длабоко неправедно” и „наликува на обвиненијата од ѕидните весници за време на кинеската револуција”.

– Сакам да да го разјаснам фактот дека сум тука во функција на националните потреби, за да им изразам целосна поддршка на Косово и на сите политички претставници во услови кога се случи нешто тешко и длабоко неправедно, рече Рама.

Тој нагласи дека во Косово не дошол некому да држи лекции, туку само за поддршка, затоа што, како што порача, „Албанија е должна да го поддржува Косово безусловно “.

– Јас не дојдов тука за да ги обединам сите политички партии или нивните водачи на една маса, затоа што, како прво, тоа не е моја задача и, како второ, би било прескокнување на етичките рамки. Сум видел во Косово водачи кои му даваат упатства на целиот народ, каде и да се наоѓа, но јас не сум таков. Не мислам дека пролетерите од сите земји треба да се обединат, рече Рама.

Прочитајте и...  Вучиќ за протестите: Никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат

Според него, голема тема околу која треба да се обединат Албанците е интеграцијата во Европската унија, меѓутоа таа „не е толку голема како признавањето на Косово од страна на Србија”.

Албанскиот премиер изрази задоволство што од денеска почнува да се спроведува заедничкиот енергетски договор меѓу Албанија и Косово.

– Драго ми е што пред заминувањето од Приштина ја добивме долгоочекуваната вест за ставање во функција на заедничката мрежа и за интерконекцијата, благодарение на дефинитивното вклучување на Косово на заедничкиот енергетски пазар, изјави Рама.

За време на дводневниот престој во Приштина, Рама, придружуван и од шефот на албанската дипломатија Гент Цакај, се сретна со косовскиот претседател Тачи, премиерот Авдулах Хоти и собраниската спикерка Вјоса Османи, како и со лидерите на најголемите политички партии. 

Прочитајте и...  Рускиот министер за здравство предупредува: Коронавирусот најтешко ги погодува срцето и белите дробови

Прочитај повеќе

Топ 10 државни фирми што прават најголеми профити: ЈП за државни патишта – рекордер според добивката

Соња Кириџиевска

Глигорова: Нудиме ослободување од должничкото ропство, враќање на извршителите во судството

Слободен печат

САД со над 65.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа

Слободен печат

Макрон бара катедралата Нотр Дам да биде обновена како што изгледала претходно

Слободен печат

САД формира специјална група за борба против кибер измами

Слободен печат

Турски експерт: Високите температури не го уништуваат коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Старите ветувања за гасификација, за Чебрен и за инспектори во ново руво

Весна Дамчевска

Вработен во прес-службата на Меркел наводно шпинирал за Египет

Слободен печат

Во Калифорнија го оспоруваат решението за странските студентски визи

Слободен печат

Од денес во Италија забранет влез за државјани на 13 земји, на списокот и С. Македонија

Слободен печат

Огненовски од Демократи: Да се врати украденото од народот и да се донесе една изборна единица

Миа Агенција

Во Словенија одобрена апликација за следење на новиот коронавирус

Слободен печат