Рама, Мета и Баша изразија сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

Фото: EPA-EFE/STR

Сочувство за настрадатите изрази премерот Еди Рама кој на социјалните мрежи напиша дека „несреќата што паднала врз Турција е премногу тажна”.

Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабоко сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди источниот дел на Турција.

Наведува дека во овие тешки моменти тој и албанскиот народ се покрај Турција и пријателскиот турски народ.

„Со длабока загриженост и болка ја следам ситуацијата во пријателска Турција, погодена од трагичниот земјотрес. Многу сум потресен од човечките жртви, им упатувам најдлабоко сочувство на семејствата и нивните најблиски, на целиот турски народ и претседателот Реџеп Таип Ердоган, молејќи се да нема повеќе загубени животи. На сите повредени им посакувам побрзо закрепнување. Во овие тешки моменти јас и албанскот народ сме покрај пријателска Турција,напша Мета на Фејсбук.

Сочувство за настрадатите изрази и премерот Еди Рама кој на социјалните мрежи напиша дека „несреќата што паднала врз Турција е премногу тажна”.

„Изразуваме солидарност и сме покрај турскиот народ и се молиме Бог да им даде на властите во земјата и претседателот Ердоган сили да се соочат со оваа трагедија“, напиша Рама.

Сочувство изрази и лидерот на најголемата опозициска партија,Демократската,Љуљзим Баша.

„Мое најдлабоко сочувство до турскиот народ и претседателот Ердоган за жртвите од земјотресот. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите. Посакуваме брзо закрепнување на повредените и изразуваме солидарност со народот на Турција напиша Баша на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот