Рама корегира поранешен европратеник, „Не е Косово, туку Косова“, ние сме еден народ во две држави

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Албанскиот премиер Еди Рама, кој престојува во Велика Британија, за време на дискусија во салата на Кралскиот институт за меѓународни односи, корегирал поранешен пратеник во Европскиот парламент кој го употребил зборот „Косово“.

Рама изјави дека Србите велат Косово.

„Прво, не е Косово, тоа е Косова. Србите го нарекуваат Косово, а вие се залагате за независност на Косова. Не сте вие ​​криви затоа што пропагандата си ја заврши работата. Јас понекогаш велам Косово, но тоа е Косова“, рече Рама. .

Тој изјави и дека Албанија и Косово се „едно исто“ и дека тие се „еден народ кој живее во две држави“.

„Косово не е пријателска земја, тоа е братска земја, ние сме исти и од одредени причини сме народ кој живее во две држави. Ние Албанците имаме две држави и четворица премиери на Балканот. Исти сме, само имаме граница, имаме некои правила што треба да ги почитуваме, но исти сме“, рече Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот