Рама ќе ја усвои изборната реформа до крајот на годината со или без опозицијата

Фото: Топ Чанел

Изборната реформа ќе биде усвоена во текот на оваа година, со или без соработка на вонпарламентарната опозицијата.

Ова го најави албанскиот премиер Еди Рама на новинарско прашање, додавајќи при тоа дека тоа ќе се направи со сите кои тоа го сакаат.

– Реформата ќе ја направиме заедно со сите оние кои сакаат да учествуваат во процесот и ќе ја изгласаме. Во комисијата за изборни реформи, има претставници од опозицијата, но и едно празно столче за нашите пријатели од вонпарламентарната опозицијата. Нивно право е да седнат или не на тоа столче, но нема да чекаме и во текот на оваа година ќе донесеме изборни реформи, како што препораките на ОБСЕ / ОДИХР – рече Рама.

Од друга страна, обединетата опозиција веќе го кажа својот јасен став дека не ја признава парламентарната комисија за изборни реформи „се додека во неа има поединци кои требаше да бидат осудени за изборен криминал”.

Опозицијата, исто така, објави список на услови што владата мора да ги исполни пред опозицијата да може да се приклучи на средбите за изборни реформи. Таа уште со најава дека ќе продолжи со „националните протести” кои ги прекина „за да не го попречува процесот за отворање преговори со ЕУ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот