Рама како претседавач на ОБСЕ во Украина на средби со државниот врв

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Рама својата посета на Украина ја најави претходно, а денеска објави видео на кое се гледа како неговиот тим пеш, среде снежно време се движи во Киев. До него е и овластениот министерот за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ, денеска ја почна својата прва посета тоа на Киев, Украина.

Рама својата посета на Украина ја најави претходно, а денеска објави видео на кое се гледа како неговиот тим пеш, среде снежно време се движи во Киев. До него е и овластениот министерот за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Премиерот Рама, покрај другото, во Киев ќе оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со премиерот Алексиј Гончарук, со шефот на дипломатијата Пристаико и со спикерот на укранскиот парламент Разумков.

– Киев, Украина: Ден на средби со високи државни претставници во својство на вршител на должноста претседател на ОБСЕ – Во Министерството за надворешни работи, со министерот Вадим Пристаико – напиша Рама на Фејсбук.

Рама при преземањето на претседавањето со ОБСЕ најави посета и на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот