Рама го обвини Мета дека „додава бензин на огнот“

Фото: МИА

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната собраниска седница го обвини претседателот Илир Мета за неговите постапки и порача дека локалните избори ќе се одржат на 30 јуни.

„На 30 јуни ќе биде изборен ден, сакале или не оние кои додаваат бензин на огнот или оние кои го следат огнот. Како и да е, она што ни припаѓа нам на сите кои се на вистинскиот пат, е да бидеме решителни и воздржани. За жал, ова е, исто така, резултат на скандалозното вклучување на оној кој и денес е во канцеларијата на претседателот, но кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија со додавање бензин на огнот“, обвини Рама, пренесува Радио слободна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот