Рама: Ги разјаснивме работите со претседателот на Северна Македонија

EPA-EFE/FILIP SINGER

Следниот изборен собир на албанскиот премиер Еди Рама беше во Пустец, каде што тој повторно зборуваше за изјавата на претседателот на Северна Македонија, кој рече дека побарал неговата земја да се оддели од Албанија во процесот на отворање преговори со Европската унија, пренесува албанската телевизија А2.

-Албанија прави обид да се избегне од внатре поставена стапица, од страна на луѓе кои не сакаат отварање на преговори. Јас вчера се изјаснив за еден друг добар пријател, претседателот на Северна Македонија, во врска со изјава дадена од негова страна, што јас ја протолкував на поинаков начин, дека проблемите во Албанија не треба да бидат пречка за Македонија. Претседателот ми пиша и се објаснивме, но вистината е дека постои сериозна разлика на наша штета. Претседателот на Северна Македонија е дел од напорите на својот народ, да се убедат земјите-членки на ЕУ дека треба да ги започнат преговорите; Претседателот на Албанија е дел од напорите да се создаде сомнеж кај некои земји во Европа дека Албанија не заслужува отворање на преговорите, рече Рама.

Шефот на албанската Влада изјави дека тој комуницирал и со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев:

-Вчера имав комуникација со премиерот на Северна Македонија и кога му реков дека ќе бидам во Пустец, ме замоли да ви прочитам порака која ми ја испрати на телефон. Ова е пораката: Северна Македонија и Албанија се два блиски партнери. Ние работиме заедно за доброто на нашите граѓани. Наскоро ќе бидеме сојузници во НАТО и нашата заедничка иднина е во Европската унија. Северна Македонија и Албанија се земји на луѓе многу блиски еден со друг. Живееме заедно рамо до рамо, се почитуваме меѓусебно и ги почитуваме нашите разлики и ја зголемуваме нашата благосостојба затоа што стоиме рамо до рамо, во добро и зло”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот