Рама ги повика граѓаните кои се засолнија во Косово, да се вратат во Албанија

Фото: Принтскрин

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика сонародниците кои, поради катастрофалниот земјотрес, заминаа за Косово да се вратат.

Рама утрово, на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Рама нагласи дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување.

Според медиумите во Косово се над две илјади албански граѓани, поголемиот број од нив во Призрен.

По Самитот на НАТО во Лондон Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја подржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес.

Според него 15-те милиони евра доделени од Европската комисија не се единствена помош, дека очекува средства и од ИПА а секако и одржувањето на две донаторски конференции, едната што ќе ја организира ЕК и втората од турскиот претседател Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот