Рама ги повика црногорските граѓани да гласаат за партијата на Ѓукановиќ

Пред претстојните избори во Црна Гора албанскиот премиер Еди Рама со видеопорака излезе во знак на поддршка на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Меѓу другото, поздравувајќи ги на црногорски и на албански јазик, Рама ги повикува граѓаните на Црна Гора да гласаат за Ѓукановиќ за да може земјата да продолжи да се развива.

Тој ја посочува, како што вели, искрената и посебна врска помеѓу двете братски земји, меѓу двете партии и меѓу него и Ѓукановиќ.

– Не само тоа, туку одлуката што црногорските браќа и сестри мора да ја донесат во наредните денови е многу важна за Албанија и за целиот регион, што го прави мојот обраќање неопходно. Би сакал да ви се обратам на ист јазик, но за жал знам само неколку зборови, како што се „одлучно за Црна Гота” или „благодарам што постоиш драги Мило”. Благодарност што Мило постои, не само за Црна Гора, туку и за Албанија и Албанците во Црна Гора, на Косово и на други места во регионот, како и за целиот наш регион како целина, вели Рама во видеопораката.

Рама додава дека за она што сè уште не го направил Ѓукановиќ за Црна Гора не е негово да суди, туку дека тоа го остава на неговиот народ.

– Но, она што можам да кажам, без сомнение, е дека она што го направи Мило Ѓукановиќ за Црна Гора и регионот, треба да го направи горд секој црногорски граѓанин и треба да ги натера сите црногорски родители да се чувствуваат безбедни за своите деца и за своите внуци, наведува Рама.

Не знам како би била денес Црна Гора без човекот кој ја водеше вашата убава земја на патот на независноста, додава Рама и нагласува дека знае оти денес Црна Гора не може ни од далеку да се споредува со „малата, сиромашна и слаба земја што беше кога се нафати на долг пат кон подобра иднина под визија и остар правец на Мило”.

– Постигнувањата на Ѓукановиќ се восхитувачки и колку земјата се смени е очигледно, станувајќи посилна и подобра и многу повеќе почитувана низ целиот свет по секој изборен процес. Никој денес не може да ја спаси иднината на Црна Гора повеќе од човекот кој многупати ја спаси во минатото и од партијата која работеше толку напорно и постигна толку многу до ден денес и сè уште владее во Црна Гора. Затоа нема време за експерименти што можат да донесат неизвесност и каење, порачува Рама.

Повикувајќи ги сите граѓани на Црна Гора да го поддржат Ѓукановиќ и неговата партија на парламентарните избори на 30 август, завршува со зборовите „Ви посакувам среќа пријатели и ве молам победете”, за да на црногорски продолжи „за Црна Гора и за сите нас”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот