Рама е убеден во победа на изборите догодина

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама не ги крие амбициите за трет мандат и искажува убеденост дека ќе победи на изборите на 25 април 2021 година.

Посочи дека со или без опозицијата победата е на неговата Социјалистичка партија со што директно и одговори на опозицијата за можноста да ги бојкотира парламентарни избори.

-Ние ќе продолжиме со работа. Ниту она што го реков, што правиме и што ќе направиме нема никаква врска со фактот дека следната година има избори. Ние победуваме на изборите, со или без опозицијата. За ова нема дискусија. Ние победуваме над многу ситни индивидуи, над многу индивидуи кои можат да имаат свои незадоволства, зашто народот е помудар од кој било од нас, поединечно, рече Рама.

Според него народот ќе знае „праведно да зборува на денот на изборите” и оти ниту „една индивидуа не е народ”.

Последните парламентарни избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година на кои левата коалиција преводена од Социјалистите на Рама вторпат по ред ги добија изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот