Рама: Долго трае дијалогот на Србија и Косово

epa09044909 Albania Prime Minister Edi Rama during a joint press conference after an EU - Albania Association Council meeting in Brussels, Belgium, 01 March 2021. EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Дијалогот на Србија и Косово долго трае, а не му се придава потребното значење, изјави премиерот на Албанија Еди Рама.

Тој тоа го кажа на годишната конференција „Состојба на Унијата“ во Фиренца.

Рама истакна дека учеството на Германија и Франција во овој процес е многу значајно.

Тој наведе дека мора да се направи сè за да се дојде до шенгенскиот простор во кој се применуваат европските слободи, слободното движење на луѓето, стоката, капиталот и услугите. Албанскиот премиер кажа и дека верува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е оставен на ниско ниво, наместо да биде на врвот на приоритетите.

Видео на денот