Рама: Денеска потпишавме договор за да сме заедно во сите околности

Фото: Фејсбук Влада

За време на земјотресот во Албанија помош стигна и од Србија и од Северна Македонија. Тогаш сфативме колку е важно да не се чуствувате сами и колку е вредно да има повеќе сили на располагање кога тоа е најпотребно, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама.

– Денеска потпишавме договор за да сме заедно во сите околности. Што има лошо за Косово, Црна Гора или БиХ да се спојат во оваа иницијатива што ги отвора патиштата за нашите служби да соработуваат во иднина. Да имаат заеднички систем на алармирање. Ова е душата на оваа иницијатива, рече Еди Рама на прес-конференцијата.

Видео на денот