Рама: Авиолинијата Приштина-Белград е многу важен чекор кој треба да го следат и другите

Фото: Фејсбук

Ви благодарам Столенберг што бевте толку голем наш поддржувач но и на регионот. Го поддржавте обновувањето на авиолинијата Приштина – Белград што е важен чекор и што треба да го следат и другите, што би било во интерес на процесот на регионален и меѓудржавен развој. Сметаме дека НАТО е важен дел од ОБСЕ и претседавач годинава е мојата земја, изјавил Рама.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Брисел, го поздравил обновувањето на авиолинијата Приштина – Белград.

За Рама пак обновувањето на авиолинијата е многу значаен чекор, кој треба да го следат и другите.

-Ви благодарам Столенберг што бевте толку голем наш поддржувач но и на регионот. Го поддржавте обновувањето на авиолинијата Приштина – Белград што е важен чекор и што треба да го следат и другите, што би било во интерес на процесот на регионален и меѓудржавен развој. Сметаме дека НАТО е важен дел од ОБСЕ и претседавач годинава е мојата земја, изјавил Рама, а пренесува Топ чанел.

Рама за време на конференцијата зборувал и за сместувањето на муџахедините во неговата земја (околу 3.000) додавајќи дека Албанија ќе продолжи да го прави тоа, бидејќи хуманоста е дел од традицијата на земјата.Тој ја спомнал и помошта што Албанија им ја дала на Евреите по Втората светска војна.

-Албанија се согласи да им обезбеди засолниште на неколку илјади луѓе чии животи беа во опасност од режимот на Техеран. Тоа е дел од она што сме, од нашата традиција. Ние бевме единствената земја што имаше повеќе Евреи по Втората светска војна и нашата земја беше безбеден дом за нив. И ова го сторивме како хуманитарна операција. Ние нема да ја промениме нашата традиција и нашиот пристап кон овие луѓе – рекол Рама.

Посочил дека Албанија протерала дипломати и други луѓе кои се однесувале вон стандардната дипломатска активност.

Видео на денот