Рама апелираше до граѓаните погодени од земјотресот: Потребна е трпеливост

Фото: Топ Чанел

Според извештајот за проценка, материјалната штета предизвикана од земјотресот изнесува 985.074.906 евра.

Албанскиот премиер Еди Рама упати апел до граѓаните погодени од разорниот земјотрес од 26 ноември, да бидат трпеливи и најави брзо започнување на обновата на урнатите и оштетени објекти.

-Луѓето сакаат да знаат кога ќе се вратат дома. Ние сакаме да направиме процес на обнова каде што сè ќе биде според оптималните стандарди и услови за оние категории згради што се дел од процесот. Потребна е трпеливост. Жал ми што во одредени случаи видов дезинформации, изјави Рама.

На денешната четврта седница на Националниот комитет за обнова, тој даде гаранција дека сите собрани средства, до доследен лек, набрзо ќе бидат употребени во реализација на проектите за обнова.

– Имаме извештај што ни дава основа да ја одржиме донаторската конференција во Брисел, но исто така да имаме јасен преглед на сите аспекти што треба да ги имаме предвид за време на процесот. Имаме назначени области за развој. Обновата во Лач и Туман ќе започне порано. Подготвени сме во следните денови да почнеме тендерска постапка на која ќе се јават компании, најави Рама.

Според извештајот за проценка, материјалната штета предизвикана од земјотресот изнесува 985.074.906 евра. Во процесот на проценка биле вклучени 90 домашни и странски експерти, а биле опфатени повеќе од 50.000 објекти.

Во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени загинаа 51 лице, беа повредени 900 и раселени околу 17.000 луѓе од оштетените домови. Вкупно 202.291 луѓе се погодени од оваа природна непогода во 11 единици на локалната самоуправа.

Меѓународна донаторска конференција за Албанија ќе се одржи на 17 февруари во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот