Рама апелира до косовските државници да ги слушаат сојузниците „за да не се навлезе подлабоко во опасниот пат“

Албанскиот премиер Еди Рама доцна синоќа реагираше на ситуацијата на северот на Косово апелирајќи до косовските државници да ги слушаат сојузниците со цел ситуацијата да не се влоши уште повеќе.

Според Рама, Косово се „повредува меѓународно со оваа тешка ситуација“.

– Мојот повик е да се слушаат сојузниците и да не се навлезе подлабоко, во, не само опасниот, туку и залуден пат каде Косово е повредено на меѓународно ниво заедно со војниците на КФОР, кои се телесно повредени. Не е меѓународен повик туку национална потреба, напиша Рама на социјалните мрежи.

Рама подвлече дека „од оваа раскрсница каде што конфликтот се враќа и се враќа секоја година како производ на минатото, при што Србија ги изложува војниците на границата каде нејзината моќ е еднаква на нула, а Косово ја изложува својата неподготвеност да го финализира дијалогот, единствениот излез е со дијалог и моќни сојузници“.

– Повредата на војниците на КФОР ги става во директна одговорност нивните слепи сторители и за жал го повредува Косово во очите на неговите незаменливи сојузници и пријатели! Колку подолго трае овој опасен и непотребен конфликт, толку повеќе е повредено Косово, наведува Рама.

Претходно реагираше и албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка оценувајќи дека „неиспровоцираните насилни напади врз силите на КФОР и медиумите се неприфатливи и мора веднаш да прекинат“.

Таа додаде дека „дијалогот со посредство на ЕУ е патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и заемно признавање што ќе обезбеди трајна стабилност во нашиот регион“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот