Рама: Aмбиција на двете влади е да се укине границата меѓу Албанија и Косово

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави денеска дека амбиција на двете влади е да се укине границата меѓу Албанија и Косово. Изјавата беше дадена во Тирана на состанокот на владите на Албанија и Косово, јави дописничката на МИА од Тирана.

Средбата, која е шеста по ред, се одржува под слоганот „Заедно без граници – во еден регион без граници”.

На состанокот на двете влади, Рама рече дека ќе се интензивира работата за овозможување контрола во реално време на граничните точки и „конечно отворање на границата”.

Рама рече дека пристаништето Драч ќе стане стратешко пристаниште, заедничко за двете земји.

Тој ја спомена и изградбата на пругата Тирана-Драч, додавајќи дека има обврски за развој на дигиталниот коридор Приштина-Тирана за 5Г технологија.

Рама оцени и дека договорот потпишан во Вашингтон е „настан на годината” и за Белград и за Приштина и дека тој го отвори дијалогот меѓу двете страни со посредство на ЕУ.

На почетокот на заедничката седница на владите на Албанија и на Косово, Рама рече дека дијалогот е единствениот инструмент за постигнување паметно решение на проблемот.

– Секоја пристрасност во дијалогот ја намалува победата на Косово и ја ослабува неговата позиција и во внатрешната и во надворешната политика кон светот. Внатрешен консензус за позицијата на дијалогот е неопходност што ја сакам и се надевам дека ќе остане таков, рече Рама.

Косовскот премиер Абдулах Хоти меѓу другото рече дека договорите меѓу двете земји имаат за цел „олеснување на животот меѓу граѓаните” и оти во Вашингтон бил за да биде неговата земја фактор на стабилност во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот