Рама: Албанија од утре ги отвора сите џамии и цркви

Од утре во Албанија се отвораат сите џамии и цркви и ќе продолжат со нивните верски активности.

Веста преку објава на Фејсбук ја соопшти премиерот Еди Рама, кој напиша „со среќна нога на овој убав ден од верскиот календар”.

– Во неделава што изминува во соработка со верските заедници подготвивме протоколи за здравствена безбедност. Откако ги добивме нивните предлози, ги оценивме и ги одобривме и одлучиме да ја отвориме активноста на храмовите со сите релевантни ограничувања, започнувајќи од утре. Со среќна нога и благословот на светлината на утрешниот прекрасен ден од верскиот календарот, напиша Рама.

Честитајќи им го на муслиманските верници утрешниот голем празник Рамазан (Фитер) Бајрам, премиерот Рама, исто така, посака отворањето на џамиите (под голема грижа на духовните водачи на заедницата за почитување на протоколот предложен од самите нив) да биде „добар знак за мир и благосостојба за сите заедници и самата Албанија и Албанците во ова тешко време”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот