Рама: 627 жртви во Италија само денеска, седете дома да не се доведеме во ситуација да се убиеме меѓусебно!

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава на социјалната мрежа Фејсбук истакна дека бројката на луѓето кои загинаа денеска во Италија од коронавиурот е страшна и тоа треба да биде аларм за луѓето да сфатат колку е сериозна ситуацијата.

-Луѓе! Во Италија денеска имаше 627 луѓе кои починаа. 627 само денеска. Само денеска. 24 часа 627 смртни случаи! Во Ломбардиа каде Италија има здравствен систем, кој е на врвот на Европа, девет од десет смртни случаи се регистрираат дома. Зошто? Затоа што мерките се превземаа доцна, и луѓето се смеа со мерките во име на слободата, за забава и противникот им дојде дома на сите! Бројот на заболени го надмина бојот на слободни кревети во болниците и еве како дојде работата! Сега како ќе направиме! Ќе се убиеме еден со друг и ќе броиме стотици мртви не дај Боже илјадници? Или ќе опстоиме и ќе се спасиме? Луѓето седеле и по 30 години во затвор или 30 дена штрајкувале со глад и не умреле, зошто треба да умрат денеска седејќи дома без да излезат или да чекаат малку повеќе во ред без да се залепат еден со друг- напиша Рама.

Инаку од утре во Албанија од 13 часот се забранува излегувањето на улица до понеделник. На улица ќе биде само војската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот