Раководителите очекуваат повисоки продажни цени во градежништвото

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2019 година е повисок за 0.2 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2019 година, а e повисок за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се зголеми.

Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна  и во однос на второто тримесечје од 2018 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата да се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 18.5%, зголемени трошоци за материјали со 17.9% недостиг на обучен кадар со 15.6% и конкуренција во сопствениот сектор со 12.0%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот