Ракот ги убива Косоварите
Бројката на случаи заболени со рак во првите четири месеци од оваа година во Косово достигна 505, а во споредба со минатата година има зголемување од пет проценти.
Директорот на Институтот за онкологија, Илир Куртиши, во интервју за „Економија Онлајн“, вели дека најчестите видови на рак се рак на дојка кај жените, додека кај мажите доминира рак на белите дробови и рак на дебелото црево.
– До четвртиот месец, во Косово се забележани 505 нови случаи заболени од рак, односно некаде помеѓу 3-4 и 5 отсто повеќе од минатата година. Доминира патологијата на рак на дојка кај жените, додека кај мажите доминира ракот на белите дробови, а на второто место е ракот на дебелото црево и на гениталните органи кај жените – вели Куртеши.
За лекување на пациентите со рак, се доделени околу 8 милиони евра, но со оглед на големиот број на заболени лица, овој буџет е недоволен, пренесува Експрес.