Ракометот стана здодевен: Врвните тренери против правилото „7 на 6“!

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

30 од 39 тренери сметаат дека е потребно да се врати старото правило, четворица сакаат промена на ова правило, а петмина сакаат да се задржи постоечкото.

Германскиот неделник „HANDBALLWOCHE“ спроведе опсежно истражување во кое учествуваа врвни тренери во машкиот и женскиот ракомет.

Темата беше правилото „7 на 6“, односно можноста екипата да игра без голман (со уште еден додаден играч во нападот) и сето тоа што донесе како резултат од 2016 година, кога судиската комисија на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) го донесе ова правило.

Во истражувањето учествуваа големи ракометни имиња како Оливие Крумхолц, Торир Хергеирсон, Амброш Мартин, Херберт Милер, Ким Расмусен, Пер Јохансон, екс стратегот на Металург и поранешен наш селектор, Лино Червар,  потоа Љубомир Врањеш, Чема Родригез, Маноло Каденас, Филип Јиха, Хавиер Пасквал, Талант Душебаев, сегашниот македонски селектор на мажите, Данило Брестовац, поранешните тренери во Вардар, Давид Дејвис, Раул Гонзалез, Роберто Парондо, и др.

30 од 39 тренери сметаат дека е потребно да се врати старото правило, четворица сакаат промена на ова правило, а петмина сакаат да се задржи постоечкото.

Главните аргументи на тренерите:

– 23 тренери мислат дека исклучувањето од 2 минути веќе не е казна.
– 22 мислат дека натпреварите станаа побавни или помалку динамични
– 22 шутот кон празен гол е неатрактивен
– 21 ракометот генерално стана помалку атрактивен

– 17 основната идеја на ракометната игра се смени на полошо
– 15 тактичките опции/варијанти се ограничени
– 15 без шанси за повеќе офанзивни/дефанзивни варијанти
– 14 постојана предност на теренот е негативна по играта

– 12 без ситуација „1 на 1“
– 11 играта стана поздодевна
– 9 помалку креативност во нападот
– 7 Одбраната стана погруба, бидејќи нема последици по исклучувањето, со оглед на влегувањето на екстра-играч

– 6 негативно влијание на тренажниот процес на младите играчи
– 6 помала ефикасност на голманите
– 6 недостаток на простор за седум играчи на теренот, теренот не е доволно голем
– 6 судии предолго им овозможуваат на екипите да напаѓаат „7 на 6“

– 5 зголемена е можноста за повреда кај голманите
– 5 недостаток на време за тренирање на важни сегменти во играта
– 5 послабите екипи немаат предност

Тренерите кои се „За“ правилото „7 на 6“:

– 7 тренери мислат дека донесува додатни тактички опции
– 3 послабите екипи имаат поголеми шанси
– 2 креирање на нови типови на играчи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот