Ракометното дерби во Лигата на шампионите за Монпелје

Во првиот денешен натпревар, Веспрем без проблеми го совлада Порто.

Унгарскиот тим за кој настапува и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков ралативно лесно со 31:24 славеше на гостувањето против Порто. Фаворитот уште во првите 30 минути ја навести победата откако на одмор замина со предност од пет голови (9:14), а во вториот дел рутински ја одржуваше предноста.

Вуко Борозан со седум гола беше најпрецизен во редовите на Веспрем, Драган Гајиќ даде шест, а Манасков два гола.

Дербито на колото се играше во Монпелје, домашниот тим со гол во последните моменти го совлада Киелце.  Најзаслужен за победата беше Суси кој го постигна победоносниот гол во последните моменти од натпреварот.

Уго Деска беше најдобриот поединец во екипата на Монпелје со десет постигнати гола, а Вилемино постигна шест гола. Кај полскиот тимн најпрецизни беа Кулеш со пет и Алекс Душебаев со четири гола.

Пик Сегед благодарение на голот на Деан Бомбач во последната минута остана непоразен пред своите гледачи со дуелот со Алборг играјќи 26:26.
Токму Бомбач сопет гола беше најпрецизен во редовите на Пик Сегед, а Јул-Ларсен со седум гола беше најдобар во редовите на Алборг.

ППД Загреб доживеа минимален пораз пред своите гледачи со 25:26 од Фленсбург. Штајнхаусер со седум гола без ниту едно промашување беше најдобар кај Фленсбур, додека Марин Шипиќ даде осум гола за ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот