Ракометните надежи во Струга се подготвуваат за СП! – Слободен печат
РакометСпорт

Ракометните надежи во Струга се подготвуваат за СП!

Селекторот Данило Брестовац има на располагање 23 ракометари кои во Струга кои ќе ја темпираат формата до 17 јули пред Мундијалот.

Во Струга почнаа подготовките на кадетската репрезентација за настапот на Светското првенство кое што ќе се организира во нашата земја.

После Струга ракометарите продолжуваат во Маврово и на крајот ќе се вратат во Скопје на финалните подготовки.

Македонија е домаќин на СП, кое ќе се одржи од 6 до 18 август, а во групата за противници ги има репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.

„Црвено-жолтите“ својот прв натпревар ќе го играат на 06 август во 20.30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Брестовац е воедно и селектор на сениорите со кои ќе настапи на Европското првенство 2020 година што ќе се одржи во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close