Ракометната Суперлига во следната сезона со 16 екипи

фото: рфм

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска на денешниот состанок со претставници на клубовите се договорија Суперлигата привремено да се прошири и протиа го утврдија системот на натпреварување.

Суперлигата на стартот ќе брои 14 екипи, а потоа во плејофот ќе им приклкучат и најквалитетните две екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер, кои ќе играат во СЕХА лигата иако РФМ сакаше и тие да тргнат од почеток.

Новата сезона ќе започне со 14 екипи, осум кои оваа сезона беа дел од Суперлигата,и тоа Металург, Охрид, Пролет, Бутел, Радовиш, Е. Пелистер 2, Струга, Работнички, додека вторите тимови на Вардар и Металург, Вардар јуниор и Металург 2, се исклучени. Останатите шест места ќе ги пополнат најдобрите екипи од Првата, Тиквеш, КЛ7, Младост Богданци, Астраион, Прилеп и Јуниор КВ.

Екипите ќе бидат поделени во две групи со по седум екипи и во првата фаза секој ќе игра против секого во својата група, по принципот дома-гости. По завршувањето на тие 12 кола, првите три од двете групи ќе продолжат во плејоф-фаза, во која ќе им се приклучат Вардар и Е. Пелистер.

Овој предлог ќе стане официјален, кога ќе биде усвоен од управниот одбор на РФМ. Она што допрва треба да се „испегла“ е одлуката кој да ја претставува Македонија во куповите на ЕХФ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот