Ракометна Европа ќе има нов шампион, ПСЖ го остави Кил без Ф4

epa09213174 Paris Saint-Germain players celebrate their win following the EHF Champions League quarter final second leg handball match between Paris Saint-Germain and Kiel at Pierre de Coubertin stadium in Paris, France, 19 May 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Ракометарите на ПСЖ успеаја да го победат европскиот шампион Кил со 34:28 и да обезбедат пласман на завршниот турнир од Лигата на шампионите кој традиционално се игра во Келн.
ПСЖ реваншот го започна со минус два од првиот натпревар (29:31) но на крајот поранешните вардарци, тренерот Раул Гонзалез и Даинис Криштопанс се радуваа и ќе играат на завршниот турнир во Келн.

Ракометарите на ПСЖ во текот на целиот натпревар имаа предност, во првото полувреме таа најчесто беше изразена со еден или два гола, на одмор заминаа со 16:15, а во сличен ритам се играше и до средината на второто полувреме. Тогаш ПСЖ со двата гола на Пранди и Ремили во 46 минута за прв пат дојде до три гола предност (26:23), а во следниот напад Наи погоди за 27:23. До крајот на натпреварот „ светците“ не само што ја задржаа потребната предност туку и дојдоа до убедлив триумф од шест гола и по петти пат ќе играат на Ф4 турнирот во Келн. Елохим Пранди со девет постигнати голови беше најпрецизен кај ПСЖ, а одлична партија имаа и Недим Ремили со седум и Дилан Наи кој даде шест гола. Кај Кил кој ќе биде европски шампион само половина година, Никлас Едберг и Сандер Сагосен дадоа по седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот