Ракометарките со одличен старт на ЕХФ шампионатот

Фото: macedoniahandball.com.mk

Нашата младинска селекција предводена од селекторот Јулијана Дамчевска во рамките од групата Б во Клаипеда убедливо во првото коло со 29:15 ја совлада Грузија.

Целосна доминација на ракометарките кои после првото полувреме примија само четири погодоци (11:4).

Прв стрелец во победничките редови беше Тасевска со пет голови, по четири имаа Седлоска и Смајлоска. На спротивната страна убедливо најефикасна беше Јгеренаиа која седум пати се запиша во листата на стрелците.

Во вторник Македонија ќе ги одмери силите против Швајцарија, а на 18 јули и против домаќинот Литванија.

Веќе се комплетираше првото коло од групата А, победи забележаа  Чешка и Турција против Косово, односно Фарските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот