Ракометарките на Куманово ја освоија титулата во Купот

Фото: facebook.com/rfmofficial

Куманово во женското куп финале на Македонија денеска успеа да го совлада составот на Вардар со резултат 26:18.

Лани поради пандемијата на коронавирусот не се одржа натпреварувањето, па така практично ракометарките на Куманово го одбранија трофејот.

Претходно во полуфиналната пресметка триумфираа против ЖРК Металург со 27:23.

Во победничките редови најефикасна беше Јанкуловска со шест погодоци, а еден помалку на спротивната страна имаше Трпевска.

За најдобар голман беше избрана Андреа Илиќ, додека за најкорисен играч (МВП), ракометарката на ЖРК Куманово, Ангела Јанкуловска која воедно беше и најдобар стрелец на Ф4 турнирот.

Фото: facebook.com/rfmofficial

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот