Ракометарките на Хрватска преку Данска дојдоа до бронзен медал

epa08896322 Players of Croatia celebrate after winning the bronze medal match between Croatia and Denmark at the EHF Euro 2020 women's European Championships in Herning, Denmark, 20 December 2020. EPA-EFE/HENNING BAGGER DENMARK OUT

Женската ракометна репрезентација на Хрватска денеска го комплетира подвигот на Европското првенство кое се игра во Данска откако во натпреварот за третото место го совладаа домаќинот.

„Коцкестите“ беа најпријатно изненадување на ЕП откако без пораз ја поминаа првата фаза, а потоа и дојдоа до полуфоналето, а одличните настапи ги крунисаа со денешната победа од 25:19 над Данска.

Најзаслужни за освојување на првиот медал во историјата за Хрватска беа Стела Посавец и Катарина Јежиќ со по пет гола, Ана Дебелиќ со четири, а Чамила Мацијециќ постигна три гола. Во редовите на Данска се истакнаа Мете Транборг и Мете Хансен со по четири гола, додека Ларке Педерсен даде три.

Одлучувачки момент за победата беше одличната игра во второто полувреме на хрватските ракометарки кои по изедначената игра во првите 30. минути (11:11), дојдоа до предност од шест гола во финишот (24:18).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот