Ракометарките испуштија победа над Исланд

Храбрата Македонија има шанси за полуфинале/фото: РФМ

Женската ракометна репрезентација до 19 години ремизираше 24:24 со Фарски Острови во второто коло од Европското првенство кое се игра во Скопје.
Младите ракометарки подобро го отворија натпреварот, по 15-тина минути Македонија поведе со 8:4. Сепак, противничките почнаа да враќаат во игра, и за две минути со мини серија од 0:2 по што предноста до крајот на полувремето се движеше околу 2-3 гола. Во последната секунда, ракометарките на Фарски Острови погодија за минимално водство на Македонија од 14:13.

Стартот на второто полувреме повторно им припадна на избраничките на Љубомир Савевски и веднаш ја  вратија предноста од три гола (17:14). Ракометарките предноста ја одржуваа до 55 минута, по што промашувањата на младите ракометарки ги казнија противничките кои на три минути пред крајот дојдоа до израмнување на 23:23. Фарски Острови поведе со 23:24, но во следниот напад Ризоска погоди за 24:24. Во последните моменти, Македонија имаше напад за победа, но Костовиќ беше непрецизна во додавањето, а потоа и противничките не успеаја да реализираат по што натпреварот заврши без победник 24:24.
Следниот натпревар, младите ракометарки ќе го играат в среда против селекцијата на Холандија (20.30 ч.).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот