Ракометарките до 20 години убедливо поразени од Исланд

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години претрпе убедлив пораз од Исланд 17:29 во натпревар од второто коло на Светското првенство кое се игра во Македонија.

Одлично го отвори Македонија натпреваот и брзо дојде до највисоки плус четири. Но, како што одминуваше првото полувреме Исланѓанките заиграа подобро, па на полувреме беше 11:11.

Второто полувреме донесе лоша игра кај нашите ракометарки и по 15 минути постигнаа само два гола, па Исланд се „одлепи“ на 13:19. На десетина минути до крајот Исланд дојде до највсиоките десет гола предност 14:24. До крајот разликата и се зголеми на 12 гола (17:29).

Македонија утре во третиот натпревар ќе игра против Ангола, додека претходно го победивме САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот