Ракометарките денеска вторпат против Црна Гора во ЕХФ Евро купот

Сара Ристовска, репрезентативката на Македонија/фото: РФМ

Денеска најдобрата македонска женска ракометна репрезентација ќе го игра и вториот натпревар од ЕХФ Евро купот против селекцијата на Црна Гора.

Од 20.30 часот во Никшиќ избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе играат против Црногорките кои на првиот меч одигран во Скопје славеа со 21:29.

Во однос на првите 60 минути, во составот за денешната пресметка Савевски ги нема едни од најдобрите репрезентативки, Сара Ристовска и капитенот Елена Ѓорѓиевска поради повреди.

Составот на Македонија за денешниот натпревар против Црна Гора во Никшиќ: М. Јанеска, М. Гугуљанова, А. Коловска, И. Џатевска, М. Јовановска, М. Серафимова, А. Јанкуловска, Ј. Мицевска, С. Миновска, Ј. Кипријановска, Е. Ризоска, С. Стојковска, С. Дабевска, Л. Гичевска, Б. Коцева, И. Младеновска.

Нашите најдобри ракометарки ќе се обидат да имаат што подобар настап против поранешниот европски шампион. Потсетување дека Македонија, Црна Гора и Словенија ќе го организираат следното Европско првенство кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот