Ракометарките бркаат мундијалски бараж, сите мечеви од 12.00 часот!

фото: РФМ

В петок најдобрата македонска женска репрезентација ќе ги стартува квалификациите за пласман во баражот за Светското првенство.

Како што е веќе најавено, сите натпревари сениорките предводени од селекторот Симе Симовски ќе ги играат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“. Ракометарките ги анализираат противниците, се надеваат на добри игри и резултати со кои ќе се оствари првата цел.

Поради најавениот полициски час за време на следниот викенд, има промена на термините на одигрување на мечевите.

Дуелите против Исланд (19 март), Литванија (20 март) и Грција (21 март) ќе стартуваат од 12.00 часот, иако претходно се најавуваше дека истите ќе се играат од 17.45 часот. Вторите мечеви ќе се играат од 14.00 часот, наместо од 19.45 часот.

Прво и второпласираната репрезентација од групата ќе обезбедат место во баражот за пласман на СП 2021 Шпанија.

Составот на нашата селекција за претстојните натпревари –

1. ДРАГАНА ПЕТКОВСКА /
2. МАТЕЈА СЕРАФИМОВА MACCABI ARAZIM RAMAT-GAN (ISR)
3. ЈОВАНА МИЦЕВСКА OGC NICE COTE D’AZUR HANDBALL (FRA)
4. АНАСТАСИЈА НИКОЛОВСКА ЖРК ЧАИР
5. САРА РИСТОВСКА CSKA (RUS)
6. ТЕОДОРА ДУКОСКА ЖРК СТРУЖАНКА
7. ЕЛЕНА ЛИВРИНИЌ SCM GLORIA BUZAU (ROU)
8. САЊА ДАБЕВСКА DUNAUJVAROSI KKA (HUN)
9. АНГЕЛА ЈАНКУЛОВСКА ЖРК КУМАНОВО
10. МИЛИЦА НИКОЛИЌ ЖРК МЕТАЛУРГ
11. АНДРЕА СЕДЛОСКА RK LOKOMOTIVA (CRO)
12. СИМОНА СТОЈКОВСКА BSV SACHSEN ZWICKAU (GER)
13. ДАЈАНА ЈОВАНОВСКА A.C. PAOK (GRE)
14. СИМОНА СТОЈАНОВСКА ZRK NAISA (SRB)
15. АЛЕКСАНДРА БОРИЗОВСКА ЖРК КУМАНОВО
16. ЛЕОНИДА ГИЧЕВСКА LE POUZIN HB O7 (FRA)
17. ЕЛЕНА ЃОРЃИЈЕВСКА CS MAGURA CISNADIE (ROU)
18. ЈОВАНА КИПРИЈАНОВСКА ЖРК КУМАНОВО
19. ИВАНА ЏАТЕВСКА ЖРК ВАРДАР
20. ИВАНА ГАКИДОВА ZRK NAISA (SRB)

Видео на денот