18 C
Скопје

Ракометарите во третиот шешир, ја избегнаа Франција

Ракометната репрезентација на Македонија се најде во третиот шешир на жрепката за одредување на групите за претстојното ЕП кое ќе се игра идната година.
Ракометарите со вчерашната победа над Швајцарија го освоија второто место во групата седум, со скор од пет победи и еден пораз и на жрепката која ќе се одржи в четврток ќе бидат во третиот шешир каде се наоѓаат уште и селекциите на Франција, Исланд, Чешка, Белорусија и Словачка.

Европското првенство ќе се игра во две држави, Унгарија и Словачка, а уште сега е познато дека одредени репрезентации веќе знаат во кој град ќе играат во групната фаза.
Унгарија своите натпревари ќе ги игра во Будимпешта, вториот домаќин Словачка ќе игра во Кошице, додека во Братислава ќе се играат две групи каде „домаќин“ на едната ќе биде Чешка, додека на другата ќе биде Германија. Словенија своите натпревари ќе ги игра во Сегедин.

Шешир 1: Шпанија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Литванија, БиХ

Поврзани вести

РФМ: Начевски за зборовите „ќе те колам“ доби дисциплинска санкција!

Слободен печат

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Остави Коментар