Ракометарите во Струмица ќе го „визираат“ билетот за ЕП 2020!

/Фото: РФМ

Избраниците на селекторот Данило Брестовац се многу блиску до остварување на целта, остануваат последните два важни натпревари против Турција на гостински терен (12 јуни) во Ескишехир и четири дена подоцна во Струмица ќе ја пречекаме Грција.

Иако се очекуваше дека против грчките ракометари ќе играме во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на сајтот на ЕХФ сега стои дека салата „Парк“ во Струмица (18:00 часот) ќе биде домаќин на настанот каде што најверојатно ќе се слави нов настап на ЕП.

Во квалификациската група 3 после четири одиграни кола Исланд и Македонија имаат по пет бодови, следуваат Турците со четири и Грците кои имаат два.

Во претходните две домашни средби, во Битола ја совладавме Турција со 31:27, а во Скопје ремизиравме со Исланѓаните (24:24).

Европското првенство во 2020 година (10-26 јануари) ќе се одржи во три земји: Австрија, Норвешка и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот