Ракометарите во наплата на долгот од Кожани

/Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација вечерва (18 ч.) во Струмица против селекција ги завршува квалификациите за ЕП 2020 година. Иако самото име на противникот е доволен мотив, ракометарите имаат уште дополнителни два мотиви за победа над Грција. Првиот мотив е победата носи заверка на првото место во Групата 3 и носи место во вториот шешир во одредувањето на групите на ЕП 2020 година кое ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија. Во пресрет на последното коло од квалификациите за ЕП 2020 година, Македонија е прва во Групата 3 со седум бодови, еден повеќе од Исланд кого го очекува натпревар против Турција.

Вториот мотив е уште поголем, одмазда за поразот од Кожани минатата година. Тогаш во првиот дел од квалификациите, Грција изненадувачки победи со 28:26 и го нанесе на Македонија еден од најсрамните и најболни порази.

Токму поради тоа, во мислите на ракометарите е само едно, победа која ќе претставува одмазда за поразот од Кожани.

Селекторот Данило Брестовац на последниот натпревар нема да смета на пикерот Стојанче Стоилов врз кого неодамна беше извршен оперативен зафат и неговото место го зазема Горан Крстевски. Брестовац исто така се одлучи на уште две промени, Дарко Димитриевски и Серафимов се новите ракометари во тимот за вечерашниот натпревар и тоа на местото на Кукоски и Јагуриновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот