Ракометарите со пораз го завршија настапот на Мундијалот во Египет

epa08962456 Kiril Lazarov (R) of North Macedonia in action during the Main Round match between Belarus and North Macedonia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 24 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз од 30:26 од Белорусија во последното коло од главната фаза во рамките на групата 4.

Токму на последниот натпревар на Светското првенство, ракометарите ја прикажаа најдобрата игра на Мундијалот, конечно заиграа во одбраната како што се очекуваше и изостана во натпреварите против Шведска, Катар, Русија и Словенија, но за жал немаа сили за сите 60 минути.

Првото полувреме беше најдоброто кои избраниците на селекторот Данило Брестовац го одиграа на Мундијалот, одбраната предводена од Никола Митревски функционираше одлично, реализацијата во нападот беше на посакуваното ниво.

По почетното водство на Белорусија од 0:1 и 2:3, ракометарите го презедоа водството и до крајот на полувремето се играше гол за гол (14:14).

Во второто полувреме Белорусија поведе со 14:16 со двата гола на Кулеш, но одговорот дојде за три минути кога благодарение на Кире Лазаров повторно се врати неизвесноста (17:17). Наредните минути повторно се играше гол за гол (20:20), се до моментот кога по промашувњата (две) на Мишевски, противникот успешно реализира и направи предност од три гола (20:23).
Потоа зачестија грешките во нападот, реализацијата затоа и тоа белоруските ракометари го казнија и направија предност од пет гола (21:26) и потоа предноста ја задржаа до крајот на натпреварот.

Капитенот Кире Лазаров беше најпрецизен со седум постигнати гола, а по четири постигнаа Кузмановски и Пешевскси, додека Костески, Поповски, Цветан Кузманоски и Стоилов дадоа по два гола. Во редовите на Белорусија, Кулеш постигна седум гола, додека Астрашапкин даде пет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот