Ракометарите рутински до победа на контролката против Сесвете

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија славеше победа на денешниот натпревар против хрватскиот тим на Сесвете со 42:28 во претпоследната контролка која избраниците на Кире Лазаров ја имаа пред почетокот на Мундијалот на 15 јануари.

Македонија одигра натпревар во кој најважно беше да се забележат грешките од претходниот дуел со Хрватска кога се прикажавме во добро светло и да се корегрираат.

Од почетокот до крајот Македонија беше таа која ја имаше предноста, а на паузата водевме со 18:12, додека во вториот дел постигнавме уште 24 гола.

Во следниот контролен натпревар на 12 јануари Македонија ќе игра против Зеленортските острови.

Првиот натпревар нашата селекција на Мундијалот ќе го игра на 15 јануари против Унгарија од 20:30 часот, а до крајот на првата фаза ќе ги одмериме силите уште со Холандија и Гвинеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот