Ракометарите редат победи на подготовките, падна и Израел

Филип Талески / фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари и третата победа во третиот натпревар на подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка. Избраниците на Кирил Лазаров по двете победи над Кувајт, вечерва со 31:28 го совладаа Израел.

Лазаров и на овој натпревар настапи во комбиниран состав, одлучи да има повеќе ротации, а притоа тој воопшто не влезе во игра додека Кузмановски и Миркуловски имаа лимитирана минутажа.
Израелците подобро го започнаа натпреварот поведоа со 1:4 и тоа благодарение на грешките на „жрвено-жолтите“ во нападот, но по само девет минути игра и по голот на Костески, резултатот беше израмнет (5:5). Падовите во играта на македонските репрезентативци доведоа до тоа Израел на одмор да замине со предност од 14:15.

Противникот имаше предност и од 18:20, но тогаш следеше серија од 3:0 на Македонија со која го презеде водството. Прв пат избраниците на Лазаров водство до три гола имаа во 49 минута (25:22) и до крајот на натпреварот рутински ја одржуваа предноста.

Дури 13 ракометари постигнаа барем еден гол, а најефикасни беа Ненад Костески со пет гола, Филип Талески и Цветан Кузманоски со по четири. Томовски имаше четири одбрани, додека Никола Митревски имаше осум одбрани.
Последниот контролен натпревар, Македонија ќе го игра утревечер (18 часот) исто така против Израел и повторно ќе биде од затворен карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот