Ракометарите промашија пенал за победа над Алжир на Медитеранските игри

Македонија ја забележа втората победа на Медитеранските игри/фото: МОК

Ракометната репрезентација на Македонија пропушти голема шанса да запише уште една победа на Медитеранските игри што се играат во Оран, Алжир, и тоа над домаќинот.

Натпреварот заврши 24:24, но Македонија имаше пенал за победа на четири секунди до крајот, но Џонов не го реализира ударот од седум метри. Победата ќе претставуваше награда за избраниците на селекторот Кирил Лазаров бидејќи во финишот успеаја да се вратат од негатива од два гола.

Македонија која на Медитеранските игри настапува со подмладена репрезентација имаше одличен почеток на натпреварот и поведе со 4:1. Потоа на сцена стапи поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан кој имаше две одбрани кои беа наградени со два гола и Алжир дојде до минус еден (6:5). До крајот на првиот дел, двете репрезентации игра гол за гол и на одмор се замина нерешено (15:15).

Второто полувреме започна лошо за избраниците на Лазаров бидејќи шест минути не успеаја да постигнат гол, а во тој период Алжир даде 3 гола и ја презеде контролата на резултатот.

Македонија возврати со три гола и тоа преку Џонов, Ѓорѓиев и Митев, а потоа со нови три гола „црвено-жолтите“ поведоа со 22:19 на десет минути до крајот на средбата. Но, Алжирците водени од навивачите успеаја прво да дојдат до израмнување 22:22 на четири минути до крајот, а потоа и да поведат со 22:24.

Џонов погоди за 23:24, а по грешката на Алжирците, Митев го израмни резултатот. Во последната минута Кизиќ потоа фати една топка со што Македонија доби напад за победа а Алжирците направија прекршок за црвен картон и седмерец кој не успеа да го реализира Џонов и да и ја донесе втората победа на Македонија на Медитеранските игри.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Серафимов со пет гола, а по три дадоа Џонов, Митев, Јагуриновски и Ѓоргиев.Македонија по две кола има скор од една победа и реми, а во следното коло што ќе се игра в четврток противник е селекцијата на Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот